ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод Илинден

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден.
Илинден во колективната македонска меморија е запоменат како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста.

„Денес чествуваме 111 години од Илинденското востание и херојството на епопејата Илинденци, кои го посеаа семето на нескршливоста.Денес чествуваме јубилејни 70 години од АСНОМ, темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Македонија како современа држава, рамноправна во меѓународните односи.
Илинден е денот кога си припомнуваме на хероите кои ги дадоа своите животи за слободата и го превземаме нивниот завет.Овој ден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата, овојпат тоа е борбата за напредок на татковината во секој поглед,“ се вели во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.