ВМРО-ДПМНЕ утре на трибина во Тетово

Разликата меѓу двете политички понуди е очигледна, граѓаните тоа го гледаат. Од една страна имаме партија која во последните неколку години и понуди на Македонија неколку деструктивни сценарија, и она на 24- ти декември и овој упад за дестабилизација на државата, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде концентрирана на потребите на граѓаните, истакна во вестите на Сител телевизија координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Во досегашниот период промовиравме многу значајни мерки за граѓаните на РМ, како што е проектот Македонија вработува со којшто ќе бидат опфатени огромен број на граѓани и ќе имаат можност многу лесно да дојдат до свое прво, второ или трето вработување, проекти кои што значат зголемување на социјалната помош и бесплатни таблети за студентите во Македонија и уште неколку такви проекти, нагласи Димовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи дестабилизација на Република Македонија, што е цел на разговорите коишто ги објавува опозициската СДСМ.

– Сите информации, пораки, разговори, демантирани па потврдувани, скајп комуникации, влијанијата на одредени регионални медиуми, кои што промовираат еден свој пристап, говорат дека опозицијата зад сето тоа има намера и план да направи дестабилизација на државата, но од друга страна ние активно работиме да не го дозволиме тоа, и да не дозволиме загрозување на клучните интереси и на граѓаните и на државата. Верувам во капацитетот на инстиуциите на Република Македонија, и знам дека на крај сето ова сценарио ќе изгледа жално за сите оние кои што го промовираат, потенцираше претникот Димовски.

Тој најави дека освен утрешната трибина во Тетово, трибини ќе има низ сите поголеми градови низ Македонија.

Како што рече, целта е да презентираат што се имаат направено досега за граѓаните, и што планираат да направат и да реализираат во идинина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.