четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

ВМРО-ДПМНЕ вчера го презентираше најобемниот отчет за сработеното

vmro-otcet-2

Последни вести

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ го презентираше досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години.

– Овој отчет содржи над 3500 реализирани проекти, мерки и реформи во интерес на граѓаните. Отчетот ќе биде своевиден осврт на работата и делата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес, при што се стави акцент на сработеното во кризниот период од 2014 до 2016, како и поголемите и позначајните проекти од претходниот период, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прв пред присутните се обрати лидерот на партијата Никола Груевски, по што министрите образложуваа, секој во своите ресори, што е сработено во изминатиот период.

Според партијата, да се даде отчет е обврска која со задоволство се извршува зашто постојат дела кои се создавани со макотрпна работа.

Отчетноста за сработеното, посочуваат од партијата, е еден од основните темели на овој концепт и тоа граѓаните на Република Македонија знаат да го препознаат и наградат. Благодарение на отчетната, транспарентна и одговорна работа во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ успева да ја порази деструктивната политика промовирана од СДСМ.

otcet-vd1

otcet-vd2

otcet-vd3

otcet-vd4

otcet-vd5

otcet-vd7

otcet-vd8

otcet-vd9

otcet-vd10

otcet-vd11

otcet-vd12

otcet-vd15

Најчитани вести