Македонија,Политика

ВМРО- ДПМНЕ вчудоневидено ја следи кампањата на Стевчо Јакимовски

ВМРО-ДПМНЕ со вчудоневиденост ја следи кампањата на Стевчо Јакимовски, кој не само што цело време ги осудува градбите на патишта и автопатишта во Македонија, туку говори и за некакви негови услови кои ако не се исполнеле немало да влезе во владата, реагираат од партијата.

„Сите тие услови се во ред и се легитимни, само не можеме да разбереме во чија влада добил покана да влезе? Дали е тоа во владата во сенка на СДСМ, која цела една година чекавме да се објави или можеби во владата која ја најавува господинот Љупчо Зиков или можеби Љубчо Георгиевски му ветил место во неговата замислена влада. Со обзир дека ВМРО-ДПМНЕ не ја планира партијата ГРОМ да влезе во владата, пред се заради фактот што во време кога Стевчо Јакимовски беше министер за труд и социјала и министер за економија во владата на СДСМ, невработеноста порасна за четири години за цели седум процентни поени (од 31 на 38 отсто), а синдикалните работници ги доживуваше како мечки“, стои во партиската реакција.

Не можеме да разбереме кој му понудил влез во влада, велат оттаму, па би било добро да им го објасни тоа на гласачите и членовите на ГРОМ за да знаат како нивниот лидер планира влез во влада по изборите.