ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Ресен и во Струга

Денеска е втор ден од предизборната кампања во Македонија. Политичките партии продолжуваат со својата агенда и со промоција на нивните програми.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Ресен и во Струга.

Синоќа коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Охрид, каде од владејачката партија ветија зголемување на стандардот на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот голем митинг истакна и дека сценариото кое опозицијата две години го спроведува во државата е сценарио за редефинирање на државата и сценарио за воспоставување некоја нова држава која, како што рече, којзнае како ќе заврши на крај.

– Гласајте за реална програма која знаете дека ќе се реализира, а не за лаги кои ве потценуваат, подвлече Груевски и додаде дека овие избори се одлука за Македонија.