ВМРО – ДПМНЕ: Вистината не е во сечените и прилепувани материјали, туку во она што навистина е направено

СДСМ со секоја нова прес конференција го покажува очајот и немоќта во која е заглавена. Жално е и поразително што главниот адут на СДСМ, не се програма, идеи и проекти, туку сечени, монтирани, прилепувани и вадени од контекст материјали, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ во соопштението упатено до јавноста.

„Манипулацијата е видлива, СДСМ ќе извади разговори кои се однесуваат на сосема други ситуации и околности, ќе ги монтира и прилепи, и потоа ке ги прикаже во неточен конктест кој само нив им одговара. Но дури ни тоа не им е доволно, па додаваат наратив и дообјаснување за да лагата биде потполна. Но вистината не е во сечените и прилепувани материјали, туку во она што навистина е направено и што е реално. Ниту шамар некому од опозицијата му бил удрен, ниту некој во ендек завршил, исто како што ниту некоја фирма била затворена поради политички мотиви или пак на било кого од опозицијата му е наштетено. Затоа СДСМ не сака да говори за реалноста, туку за измислени и креирани разговори. Реалноста за нив е поразителна. Нема да набројуваме на територија на целата држава, туку само во општина Центар, плодот на работата на СДСМ во општина Центар е: изградба на дивоградби како Тифани Кинески ѕид,  Лумикс, запустен плоштад кој наликуваше на периферен град од некоја афричка земја, раскопани булевари и улици“, стои во соопштението.

Од ВМРО – ДПМНЕ нагласуваат дека плодот на нивната работа за Центар е: реконструирани и проширени булевари како Илинденска, Партизански одреди, Теодосиј Гологанов, нови мостови и паркови, нови автобуси, изградени нови катни гаражи, изградба и уредување на нови плоштади, изградба на театар, музеј, нова и репрезентативна Градска куќа, изградба на објекти за државните институции за кои порано се одлеваа милиони денари по основ на кирии и многу други.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.