ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСM ја задолжи државата за нови 31,5 милиони евра

Расипничката и неодговорна влада на СДСM денеска  ја задолжи државата за нови 31,5 милиони евра, реагираа соопштениетео од вторникот од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата прекумерно се задолжува, неплански и без потреба. На денешната аукција за задолжување било најавено задолжување од 17 милиони евра, но на Владата очигледно не ѝ биле доволни овие пари па се задолжиле двојно повеќе од првично предвиденото. Владата досега државата ја задолжи за над 610 милиониони евра, а со ова задолжување долгот се искачува на енормни 630 милиони за само 6 месеци од управувањето на СДСМ со државата, велат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека 630 милиони евра, пари кои утре сите граѓани и идните генерации  треба да ги враќаат со каматa, а нема ниту една реализирана капитална инвестиција, запрени проекти и кратења на парите од буџетот за образование, здравство и инфраструктура.

„СДС мора веднаш да им одговори на граѓаните на што ги потроши овие 630 милиони евра пари на граѓаните. СДС мора веднаш да запре со ова неодговорно и непотребно задолжување. Ваквото расипништво со кое СДС планира да продолжи и во иднина догодина ќе значи нови скоро 1 милијарда евра долг и надминување на државниот долг на границата од 50 отсто, ниво на долг кое тешко се сервисира и и штети на економијата во целост. СДС мора веднаш да запре со ова лудило. СДС не смее да остава товар на уште неродените генерации“, потенцираат од партијата.