ВМРО-ДПМНЕ: Владата не презема суштински чекори за намалување на загадување и покрај рекордните нивоа

Владата на Зоран Заев имаше ветувања дека ќе го исчисти воздухот, неговата партија СДСМ шест месеци е на власт но нема преземено ниту еден суштински чекор за прочистување на воздухот а наместо почист воздух, нивото на негова загаденост урива рекорди, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од средата во коешто се истакнува и дека мерките од типот вертикални зелени градини, забрана за градење во зима, или забрана за движење на автомобили на средно Водно, нема да имаат никакво суштинско влијание за намалување на загадувањето на воздухот.

Од ВМРО-ДПМН, исто така, додаваат дека влијаниетона посочените најавени мерки од страна на власта ќе биде толку минимално што речиси нема да биде забележливо во вкупниот резултат на прочистување на загадениот воздух.

„Додека се замајува јавноста со парадерски мерки, се укина суштинска мерка како што е Денот на дрвото. Само со овие акции досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност на акцијата, што е висок процент за ваков тип садници. Повторуваме, процентот е над 50 отсто успешност, а не шпекулативниот од 0 до 15 отсто како што брифираат од владата на СДС. Тоа значи дека со акцијата досега егизстираат над 18 милиони садници. Само последните 4 години градот Скопје засади 256 илјади садници зимзелени и листопадни дрва“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека оваа акција е прекината исклучиво од тесноградост и само затоа што се сака да се прекине континуитет на позитивен проект кој започна и се одвиваше од владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.