ВМРО-ДПМНЕ: Владата за само три месеца ги задолжи граѓаните за 170 милиони евра и го загрози денарот

Расипништвото на оваа влада за само три месеца успеа да ја задолжи Македонија и граѓаните за над170 милиони евра, пари кој еден ден ќе треба да ги враќаат нашите деца, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги поставуваат прашањата за што е потрошена споменатата сума којашто идните поколенија ќе треба да ја отплаќаат во милионски суми.

Притоа се додава дека покрај овие 170 милиони евра, коишто „очигледно не ѝ биле доволни“ на Владата предводена од СДСМ, власта посегнала и по државните резерви од каде што се „стопени“ 177 милиони евра. Истовремено се предупредува дека за овие средства е врзана македонскиот денат и дека доколку се продолжи со намалувањето на државнтие резерви ќе се дојде од ситуација која ќе девалвира македонската валута.

Во партискот соопштение, исто така, се прави споредна дека претходните влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ инвестирала во капитални проекти, како инвестиции во здравството и медицинска опрема.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во капитални проекти влада на СДС парите ги троши за партиски вработувања и исплата на долговите на Заев. ВМРО-ДПМНЕ целосно ја опреми болницата 8 Септември со најсовремена медицинска опрема со инвестиција од 5 милиони евра. Со парите кој СДС залудно ги потроши можеше да се опремат 69 болници како 8 Септември низ цела Македонија. Можете да си замислите какво подобрување би имало во целокупниот здравствен систем со една ваква инвестиција“, се истакнува во соопштението.
3, .
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека сатанува збор за неспособност на владејачката парртија СДСМ којашто со своето расипништво ги чини досег граѓаните 344 милиони евра.

„Уште колку милиони евра треба СДС да потроши од парите на граѓаните за ова лудило да запре. Едиствен начин да се сопре ова лудило е со глас за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 15-ти октомври. Делегитмацијата на оваа влада е неизбежна, граѓаните на 15-ти октомври ќе ѝ дадат црвен картон на владата на СДС и нејзините расипнички политики“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.