четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 2

ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ Македонија не беше ни рангирана на ЕХЦИ

Македонија во време на СДСМ воопшто не ни беше рангирана на Европскиот здравствен потрошувачки индекс (EHCI), се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

vmro

Поврзани вести

Според извештајот на EHCI, се посочува во реакцијата, системот „Мој Термин“ во сите досегашни рангирања е посочен како реформа која се препорачува за имплементација и во други европски земји и токму на имплементирањето на овој национален систем во голема мерка се должеше најголемиот напредок на Македонија од 11 места на индексот, кој е најголем напредок за една година во историјата на рангирањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека во најновиот извештај дури и е наведено дека Србија постигнала напредок токму откако го имплементирала системот изработен по примерот на македонскиот „Мој Термин“. Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е релевантно за сите стручњаци од сите земји освен за експертите од СДСМ.

– Македонското здравство според Европскиот здравствен потрошувачки индекс за 2016 година е рангирано повисоко од поголем број развиени европски земји и земји од регионот, меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора, и др. Овие факти се поразителни за СДСМ, затоа што оваа партија не сака квалитетно здравство, туку корупција и уценување на луѓето за нивните животи. Граѓаните тоа не им го заборавиле на СДСМ. Затоа СДСМ е поразен 10-ти пат по ред на избори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести