ВМРО-ДПМНЕ води во 4 единици, ДУИ во ИЕ6, СДСМ во ИЕ1

Државната изборна комисија досега процесираше 352.500 гласови, поточно 41,12% од вкупниот број на гласови.

Засега, ВМРО-ДПМНЕ е во водство до изборните единици 2,3,4 и 5. За нив гласале 145.693 лица, односно 41,33% од гласовите.

ДУИ води во изборната единица 6. За нив гласале 23.470 избирачи, односно 6,66% од вкупниот број на гласови.

СДСМ води во изборната единица 1. За партијата досега има 128.239 гласови, односно 36,38%.