ВМРО-ДПМНЕ: Врв на срамот- СДСМ се обидува да се испере од одговорност за хајките против „Југохром“

Коалиционите партнери на СДСМ минатата година поднесоа кривична пријава против „Југохром“ и бараа негово затворање. Врв на срамот е што денес истиот СДСМ се обидува да се испере од одговорноста за своите постапки и медиумските хајки против „Југохром“ со кои бараше неговото затворање, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Еве кој беше ставот на СДСМ и нивните коалициони партнери минатата година кога ја поднесоа кривичната пријава против „Југохром“:

„Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и казните на институциите“.

Тогаш на СДСМ им беше виновен „Југохром“ за ненавременото реагирање и бараа да се затвори. Сега откако успеаја да го затворат на СДСМ им е виновна Владата за судбината на вработените во фабриката.

И тогаш и сега СДСМ ниту се грижи за животната средина, ниту за здравјето и судбините на граѓаните. СДСМ сака само да лаже и манипулира прикажувајќи наводна грижа, со главна цел да собира дневнополитички ситни поени за да го подобри својот мизерен рејтинг пред сигурниот пораз кој доаѓа неминовно.

Денешниот обид да се амнестираат од срамните постапки, нарачани кривични пријави и медиумски хајки во функција на затворањето на „Југохром“ не само што не им проаѓаат кај граѓаните, туку и го будат револтот од ова срамно лицемерие на СДСМ. Жестоката казна доаѓа на 11-ти декември.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.