ВМРО ДПМНЕ втор ден по ред го повикува Жерновски да тужи

ВМРО-ДПМНЕ повторно, втор ден по ред го повикува градоначалникот Андреј Жерновски да не се крие зад прес конференции, институции, обвинителство или пратеници, туку тој лично, како градоначалник да поднесе кривични пријави против оние за кои смета дека наводно учествувале во постапки спротивни на законот, а во врска со реализација на проектото Скопје 2014, се вели во соопштението што денеска.

„Жерновски нема простор каде да бега и да каде да се повлекува. Тој, заедно со неговите пријатели од СДСМ, пет години единствено што правеа е паушален и неаргументиран напад против проектот Скопје 2014 година. Лиферуваа и тресеа на празно бројки од 2 милјарди, преку 500 милиони, 200 милиони, па на крај дојдоа до 8 милиони евра за кои тие се сомневаат дека било постапени спротивно на закон. Пет години неосновано лажеа и напаѓаа многу луѓе вклучени во овој проект. Сега е време да се докаже вистината“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кои додаваат дека тие што обвинуваат треба лично да ја преземат одговорноста и да поднесат кривични пријави против оние за кои сметаат дека не ги почитувале законите.

„Пред се Жерновски како Градоначалник ја имаа таа политичка и законска обврска, но и Заев и Шеќеринска кои се негови поддржувачи и не запираат да манипулираат на оваа тема“, сметаат во владејачката партија додавајќи дека единствено на овој начин ќе престане политичката манипулација и злоупотреба на темата Скопје 2014, а судските институции како надлежни ќе одлучат за сите правни аспекти и за вистината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.