ВМРО-ДПМНЕ: За да не бега СДСМ од избори ќе преложиме обвинителите да го поддржат преложениот тим на Јанева

Со цел да се извади на чистина СДСМ и по кој знае кој пат СДСМ да си го погазат јавно дадениот збор, ВМРО-ДПМНЕ предлага четирите политички партии да потпишат писмо со кое што ќе се апелира до Советот на јавни обвинители во најкус можен рок да закаже седница на која ќе се расправа и ќе се поддржи предлогот на специјалниот јавен обвинител за избор на јавни обвинители и да се обезбедат сите неопходни услови за специјалното обвинителство што е можно поскоро да функционира согласно дадените надлежности.

-ВМРО-ДПМНЕ го чувствува стравот од избори кој го има во СДСМ, како и сите напори на СДСМ да го напушти процесот и да избега од изборите. Затоа ВМРО-ДПМНЕ силно се залага за одржување на фер и демократски избори на 24 април 2016 година на кои народот ќе ги казни антидржавните политики на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.