ВМРО-ДПМНЕ: За еден ден во Прилеп без работа останаа 270 луѓе

Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп апелирапе во четвртокот до градоначалникот Илија Јованоски од СДСМ и до неговиот партиски лидер и премиер Зоран Заев, веднаш да прекинат со, како што истакнуваат, политичкиот притисок и реваншизам.

„Со доаѓањето на Новата година,т.е. од првиот ден во неа, без работа во Прилеп останаа околу 270 луѓе, претходно вработени во училиштата, јавните претпријатија,градинките, болница итн. Денес ќе се задржиме само на политичките притисоци,закани и реваншизам кои Јованоски и Заев ги прават во образованието. На ниво на општина во моментов има околу 120 вработени во образование на кои им се прекинати договорите за работа. 20 од нив се со исполнети услови за трансформација. Сите кои тужат заради тоа што ново назначените директори не постапуваат по закон,од истите тие директори имаат добиено изјави дека нивните работни места не се од траен карактер. И замислете тоа го прават со изјава за морална и кривиична одговорност. Тврдат дека местат не се од траен карактер, при што сите директори треба да одговаараат кривично за давање на лажни изјави“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Обвинуваат, исто така, и дека постои голема дискриминација при полагањето на тестот за познавање на мајчиниот јазик, бидејќи сите директори ги имаат тестовите и тие тестови се даваат на кандидатите со политичка блискост и партиска припадност на СДСM.

„А нормално тестот не смее да се дава, а и ако веќе им се дава, нека им се даде на сите. Својствено за сдсмослката политичка дискриминација. Досега во еден месец раководење на училиштата од страна на директорите повеќе пати се има направено прекршување на законот. Интервентните договори на вработените се потпишани уште за еден месец со што се крши законот бидејки само еднаш во образование треба да се потпиши интервентен договор во траење од еден месец. Овде, сакаме да реагираме и за 19-те вработени во градинките во Прилеп кои останаа на улица, особено имајќи ја во предвид изјавата од вчера на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која кажува дека во петокот ги потпишала согласностите за продолжување на договорите, па и самата таа се прашува зошто договорите не им се продолжени? Дали некој локален моќник во Прилеп тргнал против нејзината одлука? Дали е тоа градоначалникот Јованоски, новата директорка на градинките или раководството на СДС? Ги повикуваме сите надлежни органи меѓу кои просветниот, трудовиот инспекторат да ги проверат овие наши укажувања и да превземат соодветни мерки. Искрено жалиме што нашите укажувања за време на кампањата дека се работи само за лаги и изборни манипулации на сдс се покажаа веднаш по нивното доаѓање на власт за вистинити“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.