Македонија,Политика

ВМРО-ДПМНЕ:За Саше Ивановски и најглупавата вест е вест

Реакциите на Саше Ивановски се контитнуитет на неговите потреби да на било каков начин привлече внимание, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тој е воден од мотото дека и најглупавата вест е вест.

„Очигледно се работи за личност која со својата некултура, неписменост и желба за егзибиционизам и сензационализам одработува за Радмила Шекеринска и Зоран Заев“, стои во соопштението од партијата во кое се додава дека тие нема да бидат изненадени ако утре Саше Ивановски каже дека видел вонземјани и дискутирал со нив за демократијата во Македонија.

Од партијата го повикуават  Саше Ивановски да пријави во институциите, нека извади барем еден доказ или нека посочи барем еден сведок.

„Ние сме убедени, посебно по вчерашните проверки, дека таков настан воопшто не се случил. Намерата на оваа десктруктивна личност е многу јасна, но ние на него навистина не сме во можност да му помогнеме во реализацијата на неговата агенда која се чини ја разбира само Радмила Шекеринска“, наведуваат од партијата.

Меѓу другото, од партијата ги повикаа сите фоторепортери во државава да кажат јавно дали било кога и било каде некој им забранил да ги сликаат возилата во кои се возат функционерите? Исто така, ги повикуваме опозициските медиуми јавно да кажат дали некогаш некој им забранил да фотографираат  и да си ја вршат својата професија.

„Ваквата реакција на оваа личност е само континуитет на неговите потреби да на било каков начин и небирајки средства и покажувајки немање на елементарна култура и воспитание, но истовремено посочувајки го гласно и недвосмислено дното кое го допрела опозицијата во државава, на која и порачуваме да засука ракави и да сработи нешто, сериозна програма или слично, наместо да се занимава со измислување на вакви глупости“, стои во соопштеието.

Од таму апелираат до новинарите да не наседнуваат на ваквите случаи и без разлика на политичката определба и уредувачката политика да ја чуваат професионалноста на професијата.

„Ние сме свесни дека на сите им е јасно се што е поврзано со оваа личност.  Ние ке продолжиме и понатаму како и досега да ја игнорираме неговата деструктивност и фрустрација и со тоа да имаме и ние еден скромен придонес во рубриката забава и вицеви. Впрочем како ќе видевме на што се е подготвена опозицјата, ако не беше овој човек со неговите глупости“, заклучуваат од партијата.