ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ апсењето за корупција е знак на диктатура

Ако некој е синдикален лидер или носител на јавна функција не значи дека треба да му се дозволи да прави незаконски дела. Зошто СДСМ смета дека некој синдикален лидер е повреден од било кој обичен човек, работник, пензионер, земјоделец и слично? Срамно е однесувањето на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението  на СДСМ, за апсењето на докторот.

„Според нивната логика, ако се уапси некој за корупција, тогаш тоа е знак за диктатура и затоа сметаат дека било добро што тие ја толерирале корупцијата. Ако мислат дека со вакви поенти си создаваат алиби, се лажат дека тоа ќе им помине.

Ова е шизофрена ситуација во која СДСМ ги оспорува сите постапки на институциите во правец на борба против корупцијата“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Никола Груевски никогаш нема земено 1,5 милиони евра во готово.

„Заради оваа клевета тој покрена тужба против Зоран Заев и судот ќе биде тој кој што ќе одлучи кој ја говори вистината“, стои во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.