петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се оди на избори

vmro-dpmne-reakcijaa

Поврзани вести

СДСМ сонува да се врати времето кога за 15 минути избираше 617 судии и стотина обвинители без присуство на опозицијата. СДСМ е научен само на тотална контрола над судството, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека се поочигледни се очајот и паниката во СДСМ пред неизбежниот пораз на изборите.

Преку срамните пресметки на СДСМ со Уставниот суд, СДСМ продолжува со деструктивното сценарио за создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.

СДСМ преку своите експоненти во невладиниот сектор им се заканува на Уставните судии дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци ако не ги следат директивите од Бихаќка. Скандалозно е ваквото однесување на СДСМ.

СДСМ сонува да се врати времето кога за 15 минути избираше 617 судии и стотина обвинители без присуство на опозицијата. СДСМ е научен само на тотална контрола над судството.

Од ваквото однесување на СДСМ се срамат сите граѓани на Република Македонија.

СДСМ за поврзаноста на партиите и судството треба да зборува со Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ за поврзаност на партијата со судскиот систем може да го праша и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2. СДСМ сонува за мултиплицирање на ваквите семејни врски блиски до СДСМ во судскиот систем.

СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои тогаш ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.

Денес организацијата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависнот од дневно партиските потреби.

СДСМ наместо најгрубо да врши притисок врз Уставниот суд, треба да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Но СДСМ не го прави тоа туку го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.

За СДСМ полесно е да се рушат институции, отколку да се излезе пред народот и да се побара мандат без манипулации и деструктивни сценарија, туку со идеи и проекти за развој на Македонија.

СДСМ не ја сака Македонија која оди напред, туку Македонија која е во пустош во каков што ја остави СДСМ.

Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите и државата се срамат сите граѓани на Македонија. Од деструкцијата на СДСМ последици трпат сите граѓани на Република Македонија.

Затоа казната за СДСМ доаѓа на 5-ти jуни кога граѓаните ќе им пресудат десетти пат по пред. Пресудата ќе биде правосилна и извршна, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести