ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори дали во Прилеп ќе гради 14 згради за бегалци

По дванаесет години Прилеп е погоден од политичка катастрофа, од осмислен
уништувачки напад на новата Влада, а граѓаните стравуваат дека ќе е остварат најавите дека во градот ќе се изградат 14 нови згради за сместување на бегалците во близина на касарната „Мирче Ацев“, реагираше Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп

Во кусото соопштение се наведува дека сето она што како локална власт изминатата повеќе од децени било градено и унапредувано, финансирано и планирано, сега со предложениот ребаланс на Буџетот е стопирано.

„Безобразно и дрско од тие што ветуваа нов живот, дочекавме денес
да бидат промотори на линчот на Прилеп. Со новиот ребаланс Прилеп нема да добие уште три спортски училишни сали во „Кире Гаврилоски“, „Орде Чопела“ и „Климент Охридски“, а гимназијата „Мирче Ацев“ нема да добие нова дограма, Економското училиште реконструкција на стариот објект, „Гоце Делчев“ нема да добие реконструкција на санитарните јазли“, се наведува во соопштението.

Но, според ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, најтешкиот удар на градот му е зададен со прекинот на изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, што го оценуваат како „катаклизма“ за градот.

„Благодарение на СДС Прилеп нема да добие нов театар, нови автобуси, реконструирана Стара чаршија, реконструирана спортска сала ‘Македонија’, а тутунарите нема да добијат 90 денари субвенции“, се истакнува во соопштенеито.