недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си поднесе оставка поради лагите и криминалите во кои е заглавен

Зоран Заев треба да си поднесе оставка поради лагите кои во серија ги кажува, поради криминалите во кои е до гуша заглавен, поради рушењето на угледот на државата, но како што гледаме во последните денови и поради валкањето на угледот на амбасадите кои ги злоупотребува за да ги избегнува судските рочишта, вели Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

orce-gjorgjievski-640x326

Последни вести

Аболицираниот Зоран Заев мора да си поднесе неотповиклива оставка и мора да одговара за криминалот што го има направено, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ:

Зоран Заев ги излажа своите сопартијци и целата јавност дека ќе си даде оставка доколку загуби на изборите одржани на 11-ти декември.

Веднаш потоа Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео само за да ја избегне правдата и за да одложи уште едно рочиште. Зоран Заев го понижи и судот и судијата и покажа дека за него не важат маледонските закони. Затоа Зоран Заев мора да си замине.

Тоа е најмалку што може да направи политичар кој ја држи СДСМ како заложник на својата кариера, политичарот кој две ипол години ја тормози Македонија со својата деструктивна политика.

Зоран Заев треба да си поднесе оставка поради лагите кои во серија ги кажува, поради криминалите во кои е до гуша заглавен, поради рушењето на угледот на државата, но како што гледаме во последните денови и поради валкањето на угледот на амбасадите кои ги злоупотребува за да ги избегнува судските рочишта.

Зоран Заев лажеше за средбите во Израел, по што следеа низа деманти и срам на меѓународната сцена. Зоран Заев лажеше и измислуваше за 500.000 фантоми, исто како што лажеше за печатењето на фалсификуваните патни исправи и лични карти за кои потоа се докажа дека се дело на неговиот пријател и сопартиец Чауш.

Зоран Заев покажа дека е голем штетник кој час поскоро треба да си замине од политичката сцена во Македонија. Недозволиво е овој човек да ја злоупотребува улогата на политичар за да избегнува судски рочишта како во случајот Поткуп, каде што целата македонска јавност е сведок на неговиот обид да изнуди рекет од  речиси 200 илјади евра по принципот едно евро за Вицето, и едно евро за црквата.

Недозволиво е овој човек да ја злоупотребува својата улога политичар за да се заканува за реизбор на судии само за да ја спаси својата политичка кариера.

Недозволиво е овој човек кој се преставува за политичар да ја злоупотребува својата положба и да влегува од криминал во криминал, од лага во лага, а потоа да се повикува на аболиции, пратенички имунитет или политичко-партиски функции за да избега од правдата.

Недозволиво е овој човек, кој себеси се нарекува политичар да лаже за наводни средби со официјални преставници од странски земји, а рочиштата во судовите всушност ги избегнува поради средби со портири, помошници хаусмајстори и заменик кафекувари од амбасадите.

Зоран Заев може да се крие и да бега, ама правдата ќе го стаса.

Зоран Заев барем еднаш треба да остане на својот даден збор и да се повлече од политичката сцена после поразот на изборите, бидејќи веќе е преголем товар за македонското општество.

И од Заев да е, многу е. Премногу се скандали, криминали, лаги и несериозност. Кој лаже, тој и краде. Кој еднаш излажал или украл, пак ќе го направи истото.

Најчитани вести