сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 33

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен и има патолошка потреба за власт

Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро

Последни вести

Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на Тиранската Платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението:

Коалиционите партнери на Заев од Алијанса за Албанците кои како мираз му ја носат Тиранската Платформа вчера уште еднаш потврдија дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците.

Поголема потврда од тоа дека од Алијанса за Албанците ќе коалицираат заради исполнување на барањата од Тиранската Платформа со СДС, а не за некакoв „граѓански концепт“ кој Заев ни го продава, НЕМА.

Зоран Заев е очаен и има патолошка потреба за власт. Заев во власта гледа единствена надеж за спас и амнестија од сите криминали кои ги има сторено тој и неговата криминогена врхушка во врвот на СДС.

Заев не излезе и не го осуди својот иден коалиционен партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати.

Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на Тиранската Платформа. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи Влада.

За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.

Граѓаните се гневни и со право се чувствуваат изиграни од Заев кој им приреди пост изборен инжинеринг.

Граѓаните не сакаат да му ги плаќаат долговите на Заев кај нарко-мафијата и разните странски партнери на кои Заев им ветил дека ќе ја реализира платформата од Тирана.

Затоа народот е на нозе !

Затоа Македонија се буди !

Најчитани вести