ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги лаже граѓаните на општина Гази Баба

Заев повторно во за него типична ролја, ги лаже граѓаните. Заев ги лаже граѓаните на општина Гази Баба дека ќе ја гасифицира општината, сите видовме како гасифицира Заев, примерот на Струмица, каде гасот е поскап од струјата, само за да можат бизнис пријателите на Заев да ги полнат сметките на фирмите, книжејќи огромни профити, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Зоран Заев.

„Заев зборува за злоупотреба на власта, а целата јавност виде како Заев и СДС ја злоупотребија власта. Изборен поткуп, закани и уцени беа карактеристиката во која поминаа и двата изборни круга. Граѓаните веќе се охрабрија и јавно говорат за криминалите на СДС. Граѓаните веќе нема да дозволат да бидат изманипулирани. Заев ветува инвестиции во Гази Баба, а 5 месеци централната власт нема инвестирано денар во општина Гази Баба. Заев лажеше за парламентарните избори, Заев лаже и сега. Граѓаните на Гази Баба имаат јасен избор дали сакаат со општината да раководи лице, како Борис Георгиевски, кој е извршител на кривично дело фалсификување на исправа, како што видовме од податоците објавени во медиумите или сака градоначалник кој работи и го остварува ветеното“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.