ВМРО-ДПМНЕ: Заев им вети на граѓаните брз прием во ЕУ и НАТО без задирање во идентитетските прашања, тоа мора да го испорача

Зоран Заев им ветуваше на граѓаните брз прием во НАТО и ЕУ, без да се задира во идентитетските прашања и без да се склучуваат договори на штета на Македонскиот народ и држава и мора да го испорача тоа што го вети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев мора да го испорача тоа што го ветил. Граѓаните го очекуваат тоа од него. Не смее нивните очекувања да се разводнуваат со некакви најави за одмрзнување на позитивната препорака која што Република Македонија ја добива осум години по ред.

Република Македонија и во последните две години добиваше позитивна препорака, но таа беше условена токму заради политичката криза во која што СДС и Зоран Заев ја втурнаа државата.

Граѓаните очекуваат Зоран Заев и неговата влада да престанат да бараат алиби, да ги релативизираат своите ветувања и да отпочнат со одговорно работење.