понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 65

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја почувствува истрајноста на стотиците илјади граѓани, нема простор за манипулација

Според партијата што ја предводи коалицијата која има најголемата пратеничка група во Собранието, лидерот на СДСМ свесно ја држел земјата во своевидна заложничка криза, и притоа потсетуваат дека уште пред три месеца можел да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Народот секогаш победува, а „криминалецот“ Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла Тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика и повеќе за него нема простор за манипулации, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Зоран Заев веќе нема простор за манипулација на граѓаните. Зоран Заев на своја кожа ја почувствува истрајноста и упорноста на стотиците илјади граѓани да се изборат за зачувување на државните интереси, за зачувување на унитарноста и отфрлање на секакви платформи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според партијата што ја предводи коалицијата која има најголемата пратеничка група во Собранието, лидерот на СДСМ свесно ја држел земјата во своевидна заложничка криза, и притоа потсетуваат дека уште пред три месеца можел да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, да ја отфрли ткн Тиранска платформа и да стави крај на кризата.

 

„Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ. На криминалци кои лажат не може да им се верува. Затоа мора будно да се следи секој преземен чекор на Зоран Заев“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Заклучуваат, исто така, дека Заев со своите чекори и постапки, односно, како што се наведува, со погазување на Уставот на земајта и Деловникот на Собранието, покажал дека единствен мотив му е да ги „испорача наредбите од наредбодавачите“ и порачуваат дека ваквото однесување 3полно со неодговорност, нелегитимитет и деструкција нема иднина“.

Најчитани вести