ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже пред целата македонска јавност, изборите во неделата беа најнерегуларните избори

Премиерот Зорав Заев денеска лажеше пред целата македонска јавност. Изборите во неделата беа најнерегуларните избори некогаш спроведени во независна Македонија, со голем број закани и уцени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на интервјуто на Заев за Канал 77.

„Граѓаните беа предмет на уцена на партиските активисти на Заев вдомени во институциите кои успеа со своите закани да исплашат голем број луѓе, ефектот од тоа е краткотраен и минлив. Заев и неговите партиски активисти треба да знаат дека времето на уцени и закани заврши, македонскиот народ е горд и тој има свое достоинство, граѓаните нема никогаш повторно да дозволат да бидат предмет на уцена. Констатацијата на Заев дека граѓаните очекуваат работа е точна. Но фактот дека Заев го стопираше секој еден проект е очигледен. Заев за овие пет месеци од своето владеење не само што не започна ниту еден нов проект, туку ги запре проектите во изградба и во тек почнати од ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев е најголемиот пример како не треба да се однесува еден премиер. Заев е пример за неработник и расипикуќа, Заев и неговата неодговорна политика ја задолжија државата без основ за само пет месеци неверојатни 360 милиони евра и од државните девизни резерви испумпаа над 180 милиони евра.

„Заев е пример за економско фијаско, кон кое ја турка државата. Заев е најголемата катастрофа која ѝ се има случено на Република Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.