ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема кредибилитет да зборува за реформи во судствотo

Зоран Заев ја лаже македонската  и меѓународната  јавност. Во Република Македонија немаше фер и демократски избори. Изминативе избори беа најлошите некогаш спроведени во нашата држава, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните видоа колку беа демократски изборите кои ги спроведе Заев. Насилие, закани, уцени поткуп и полнење на кутии не се одлика на демократски избори. Заев и криминалната хунта во врвот на власта немаат капацитет за демократија. Делувањето на Заев и криминалната  хунта е во спротивност со европските вредности. За само 6 месеци колку што СДС е на власт во Република Македонија имаме убиства на политичари, убиства на луѓе на улица, закани, притисоци и уцени врз личности од јавниот и политичкиот живот и изборен криминал од невидени размери. Заев нема кредибилитет да зборува за реформи во судството. Заев е единствен политичар во Европа кој на разни начини вршеше притисок врз судството  и го одложуваше предметот „Поткуп“ каде јасно од видео снимка се гледа како бара поткуп од 200.000 евра, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев е единствен политичар во Европа, кој не го признава судот. Додека беше опозиција не ги почитуваше судските одлуки и го одбегнуваше истиот.

-Заев  може да спроведе само пресликување на системот на криминално владеење од Струмица во цела држава. Заев има нула кредибилитет за реформи во разузнавачките служби. Заев е човекот кој со помош на Зоран Верушевски изврши пуч во државата и нелегално прислушкуваше и објавуваше монтирани разговори. Заев не е за демократските вредности, кои се одлика на ЕУ. Заев  е човек кој со криминал е  дојден на власт, со криминал сака и да продолжи да владее на штета на македонските државни и национални интереси, кои од ден во ден ги загрозува, потенцираат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.