ВМРО – ДПМНЕ: Заев бара обвинител кој ќе го спаси од случајот Пуч  

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев  планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разрешница на судскиот процес за случајот Пуч. Ова стои во реакцијата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија:

Ова сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги водеше за да обезбеди сопствено спасување од криминалите во кои е до гуша заглавен.

Заев едноставно е исплашен. Тој е свесен дека неговите бомби не ја постигнаа целта, односно јавноста уште помалку му верува, па мора со силење и закани да излегува во јавноста.

Доказите за неговата вмешаност во случајот Пуч, како и во другите финансиски криминали се цврсти и непобитни. Оттука му останува само со манипулации и сплеткарења да создава атмосфера дека тој е жртва.

Но оваа негова стратегија е погубна. Вистинското лице на Зоран Заев го виде целокупната јавност во Македонија и тој од тоа не може да избега, велат од ВМРО – ДПМНЕ.