ВМРО – ДПМНЕ: Заев Охрид го видел само на слики

Заев Охрид го видел само на слики. Не се појавил во Охрид од две причини. Во 8-те години додека СДСМ беше на власт успеа да оствари еден единствен проект: „Како да ја задолжиш општината со 50 милиони евра, а да не направиш апсолутно ништо“. Втората причина е објективна – кога лик како Заев поседува хациенда на Халкидики, Охрид ќе го гледа само на слики, од безбедна далечина, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:

Заев Охрид го видел само на слики.

Не се појавил во Охрид од две причини.

Во 8-те години додека СДСМ беше на власт успеа да оствари еден единствен проект: „Како да ја задолжиш општината со 50 милиони евра, а да не направиш апсолутно ништо“.

Втората причина е објективна – кога лик како Заев поседува хациенда на Халкидики, Охрид ќе го гледа само на слики, од безбедна далечина.

Од безбедна далечина ќе ги гледа и повеќето од 50 странски инвестиции и повеќе од 140.000 нови работни места кои се дело на владата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ако им се приближи на фактите и реалноста ќе го изгуби маневарскиот простор за манипулирање.

А убав е светот во соопштенијата на СДСМ и Заев.

Во тој свет СДСМ не ја задолжи Македонија стотици милиони евра кои ги враќаме и ден денес, СДСМ не избрка 200.000 луѓе на улица, СДСМ не губи 10 години на избори и според анкетите на ИРИ СДСМ не губи 2:1 од ВМРО-ДПМНЕ. Во светот на соопштенијата на СДСМ, Заев ќе бил премиер по 24 април.

Во реалноста рејтингот на Заев падна за 30% за само 4 месеци и од мизерни 7 сега е уште помизерни 5%.

Будењето во реалноста на СДСМ и Заев неизбежно им доаѓа за 145 дена.