ВМРО-ДПМНЕ: Заев планира подмолно да ги реализира сите точки од платформата

Зоран Заев за полесно да ја оствари оваа своја агенда го користи СЈО кое има за цел да го претрупа ВМРО-ДПМНЕ со неосновани пријави со цел целосен дефокус на јавноста од вистинската агенда: двојазичноста, федерализацијата и промената на името на Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е фатен жив во голем број афери. Свесен за казните кои следат за ваквите кривични дела тој е спремен по секоја цена да дојде на власт. Дури и по цена на највисоките државни и национални интереси. Аболицираниот криминалец Заев се надева дека така ќе влијае на судските спорови и судски одуки.

Зоран Заев гледа што зборува и ветува Зијадин Села за менување на знамето и химната, за непостоење на македонскиот народ и за бркање од работа на Македонците за на нивно место да вработи Албанци. Гледа, но не реагира и спремен е сето ова да го поддржи само да седне на премиерската фотеља поткрепена со платформата од Тирана.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи малцинска Влада на СДСМ и ќе гласа се од програмата на СДСМ, се со цел да се спречи растурањето на државата.

Ваквата цел за растурање на Македонија постои скоро цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори од надвор во криминалецот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси себе од криминален прогон. Сакајќи да се спаси себе Зоран Заев ја жртвува Македонија.

Аболицираниот Зоран Заев планира подмолно да ги реализира сите точки од платформата од Тирана.

Зоран Заев за полесно да ја оствари оваа своја агенда го користи СЈО кое има за цел да го претрупа ВМРО-ДПМНЕ со неосновани пријави со цел целосен дефокус на јавноста од вистинската агенда: двојазичноста, федерализацијата и промената на името на Македонија.

Најголемата опасност по Македонија во моментов е Зоран Заев и неговото прифаќање на уцените да ја реализира поатформата од Тирана. Доколку Заев се откаже од ваквото сценарио ќе ја добие поддршката за формирање влада. Доколку се плаши од уцените и ветувањата што ги дал, нека ја изнесе платформата од Тирана на избори за народот да му каже што мисли за неа.