ВМРО-ДПМНЕ: Заев покажа како изгледа виткање на кичма

Зоран Заев покажа како изгледа виткање на кичма пред некого, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод објавените СМС пораки кои Заев му ги праќал на Мендух Тачи.

„Овие пораки покажуваат како СДСМ планира да ја витка кичмата. Ни беше срам и имавме огромно чувство на непријатност кога ги читавме овие СМС пораки. Вакво недостоинство досега не покажал ниту еден политичар, па ниту Тито Петковски,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ќе знаат што значи виткање на кичма и кои политичари СДСМ ги нуди за клучните позиции во Република Македонија.