ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да прави хаос за да се прибере до власт без избори

Зоран Заев продолжува да си замислува дека неговата гола битка за власт без избори и по секоја цена, другите не ја гледаат. Напротив, како одминув времето на се повеќе граѓани им е се појасно. Прочитано е ова деструктивно сценарио. Прочитан е Заев. Затоа е нервозен, мафта и се заканува на сите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Oттаму посочуваат дека Заев сака да ја излаже целокупната јавност, и Македонците и Албанците, и Турците и Србите и Ромите и Бошњаците и Власите, дека се грижи за нив, а всушност се што сака да направи е да се спаси себеси од криминалите кои стојат зад него и зад неговата фамилија.

„Неговата цел е да прави хаос со цел да се прибере до власт без избори и да се заштити себеси од последиците од неговото коруптивно однесување кое што е познато и на сите граѓани во Македонија, но и на целата меѓународна заедница.

Граѓаните јасно му дадоа до знаење дека не поддржуваат вакво нелегално и деструктивно сценарио. Граѓаните сакаат стабилна држава, економски прогрес, нови фабрики и нови работни места. Не сакаат ниска и гнасна политика, како онаа на Заев. Свесен е и тој самиот.

Финишот на политичката кариера на овој човек ќе се случи на следните избори кога тој ќе доживее пораз. Тоа му е јасно и на Заев и на раководството на СДСМ. Затоа ваквото нивно однесување не е ништо друго туку спасување на нивната политичка и партиска функција и кариера.

Токму затоа бегаат од соочување со волјата на граѓаните. Нивната цел на сите веќе им е јасна, да се доберат преку нелегален и недемократски начин до власт и да се заштитат себеси од последиците на криминалот кој што го правеле“, се вели во реакцијата.