ВМРО-ДПМНЕ : Загрозена е безбедноста на учениците во Куманово

Речиси пред една година ги предупредивме градоначалникот и директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ за небезбедните услови околу училиштето, почнувајќи од потпорниот ѕид на влезот во училиштето, дупките околу училиштето во дворот, откинати олуци, скршени прозорци, истакна на денешната прес-конференција Никола Перовиќ од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Сите ние, родители, роднини и пријатели децата ги праќаме за стекнување на знаења, вештини, постигнување на личен успех и надоградба на знаењата, но оваа лоша глетка не заплашува сите. Загрижувачки е фактот дека по 1 година освен тоа што ѕидот е бутнат, не е превземено ништо во понатамошно обезбедување на просторот и заштита на здравјето и безбедноста на учениците тука.

Дали директорот воопшто се прошетал низ школскиот двор и ги забележал опасностите и кога планира да ги санира недостатоците?

Потпорниот ѕид, чија намена е да ја држи земјата и да го обезбедува влезот на училиштето е бутнат и понатамошни градежни активности не се изведуваат, а земјата сведоци сме и гледаме дека се свлекува кон улицата и тротоарот. Како дополнителна опасност поставена е и необезбедена импровизирачка ограда. Покрај овој ѕид, на споредниот влез во близина на училишната сала може да се забележи уште еден срушен и необезбеден потпорен ѕид.

Градоначалнкот да престане да глуми жртва и да ги тргне настрана внатрепартиските политики. Да излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби. Бараме небезбедниот простор да го обезбедат и да ги санираат сите потенцијални опасности во училиштето и дворот да се отстранат.

Страшната глетка во училиштето е пример за тоа какви кадри негува градоначалникот, пример дека воопшто не се интересираат за потребите и интересите на граѓаните. Незаинтересираноста стигнала до ниво да со својата негрижа го загрозуваат здравјето и животот на учениците, нивните родители и вработените.

Сега додека трае летниот распуст, надлежните имаат повеќе од 2 месеци време да ги санираат проблемите, за доброто на сите !

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги следи работите и ќе продолжи да потсетува се додека директорот и градоначалникот не го решат проблемот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.