ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници и праски се на самиот раб на егзистенција

Земјоделците кои се занимаваат со производство на лубеници, и праски се на самиот раб на егзистенција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ.

На терен се случува вистински крах на откупот, а Министерот за земјоделие Николовски им порача дека сами од себе ќе се решеле проблемите со откупот.

Ваквата изјава преставува навреда и сол на раните на земјоделците. Ова значи дека земјоделците се препуштени сами на себе и се без поддршка од владата.

Ваквиот индолентен однос нема да ги реши проблемите и е потребен поголем активизам од владата и министерството и нудење на конкретна поддршка на земјоделците.

До сега ниту една мерка која ја предложи Николоски не се спроведе и небеше конкретен одговор на потребите на земјоделците. Земјоделците полека но сигурно наместо партнер, добиваат противник во Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.