ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник, а има најголем буџет

Жерновски

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата 

Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, кој ќе биде единствено запаметен како градоначалник кој за уредување на две улички има потрошено рекордни 1.2 милиони евра, пари на граѓаните на Општина Центар.

Мрзеливиот Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник, иако има најголем буџет.

Денес од тука би сакале да го потсетиме Жерновски на сите лажни ветувања кои ги даде пред граѓаните на Општина Центар, а можеше да ги реализира со овие 1.2 милиони евра.

Го потсетуваме Жерновски дека најавуваше, а никогаш не исполни:

-Изградба на ново училиште во Капиштец и тоа во првата година од мандатот, но поминаа  веќе 4 години, а училиште сеуште нема.

-Поставување на енергетско ефикасни фасади на основните училишта.

-Изградба на безбедни училишни премини и обезбедување персонал за безбедно поминување на учениците.

-Ветуваше, бесплатни правни совети, бесплатна достава на прехранбени продукти, бесплатна достава на лекови, ништо од ова не оствари.

-Субвенциоирани спортски курсеви за заинтересираните ученици во повеќе популарни спортови.

Ова се само мал дел од проектите кои што на големо беа најавувани од мрзеливиот Жерновски, но никогаш не беа реализирани. Наместо реализирање проекти тој реши да си прави боемски улици и забави за свои потреби.

На граѓаните на Општина Центар не им треба градоначалник кој единствено се грижи за организирање забави со тамбураши и прескапи Ди-џеи. На центарци им требаат нови училишта, нови градинки, нови улици, нови паркинзи и други реални проекти со кои ќе им се подобри животот.