ВМРО – ДПМНЕ: Жерновски е покровител на урбаната мафија во Скопје

Градоначалникот Андреј Жерновски е покровител на урбаната мафија во Скопје, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар.

Ова е ѕид зад мене е најголемата дивоградба во Скопје, оваа дивоградба е легализирана токму од Андреј Жерновски. Ова е решението со кое Жерновски ја легализира оваа грдосија од градба. Тука стои името и презимето на Андреј Жерновски. Со потписот на Жерновски оваа дивоградба станува легална. Можете да претпоставите по која цена и за чии интереси е извршена легализацијата, вели Томислав Лазаров координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар.

dokumenti-zernovski-urbana-mafija-1 dokumenti-zernovski-urbana-mafija-2

Лазаров на прес – конференција вели дека скандалите не завршуваат тука. Како што рече, Андреј Жерновски предвидел и сакал на мала врата, да го уништи пазарчето во Буњаковец, со цел да оствари бизнис интереси на негов пријател и да се изгради пензиска пумпа, додаваат тие. Овој план, како што рече, по жестоката реакција на граѓаните бил повлечен.

Жерновски станал махер за неработа и неисполнети ветувања. Во недостиг на работа и проекти сега тој се фокусира на креирање на проблеми. Тој самиот создава проблеми, за да потоа обвинува други. Тој сега самиот крева магла за урбанистичкиот план кој го изработил и го предложил на разгледување на јавна анкета. Неговата намера не е да реши проблеми туку да создаде. Тој го критикуваше Министерството за транспорт и врски а од таму велат дека се што Жерновски ќе предложи и е во рамки на законот ќе биде прифатено, додава тој.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека Жерновски со ваквата лукава и нечесна игра сака да го тргне вниманието од вистинскиот криминал. Сака да ја заташка својата неработа и неисполнети ветувања и за тоа да обвини некој друг. Кога Жерновски не би го говорел ова, тогаш би требало да се осврне на проекти и дела кои очигледно ги нема.