сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 19

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски својата неработа ја покрива со манипулации и невистини

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски својата неработа ја покрива со манипулации и ширење на невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

VMRO

Поврзани вести

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски својата неработа ја покрива со манипулации и ширење на невистини, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски својата неработа ја покрива со манипулации и ширење на невистини.

Од причина што нема за што друго да говори, ако не е темата споменици, тој редовно зборува за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, или по теркот на Заев лови непостоечки фантомски  гласови.

Деновиве Андреј Жерновски ги актуелизира трите споменици на албански дејци, па обвинува дека наводно ВМРО-ДПМНЕ му ги оставиле за да било наводна местенка со која би се протолкувало дека ВМРО-ДПМНЕ ставале споменици на Македонци, а тој на Албанци, и Жерновски како секој неискрен човек, се поти како да им соопшти на неговите дека воопшто ќе поставува споменици, иако тој беше против тоа, па згора на се, сите три да се албански дејци.

Неговиот страв е резултат на неговиот неискрен и манипулативен карактер. И во оваа прилика ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното:

ВМРО-ДПМНЕ секогаш знае што прави, и не се задскрива зад други луѓе или партии од своите постпаки и одлуки, како што не се задскриваше зад никого кога во општина Центар донесе одлуки за овие три споменика.

ВМРО-ДПМНЕ не е и никогаш нема да биде против Албанците во Македонија. Тие се наши сограѓани со кои делиме и добро и лошо, и ние нив ги почитуваме. Разликите кои понекогаш ги имаме со некои партии со албански етнички предзнак незначи дека имаме нешто против народот и Албанците во Македонија. За зал, некои од овие албански партии преку ним блиски медиуми перманентно со години не оцрнуваат кај албанскиот народ во Македонија, заради своите неуспеси и неостварени нереални ветувања, заради свои партиски цели, а не за доброто на албанскиот народ.

Андреј Жерновски и целата Македонска јавност треба да знаат дека трите споменика на Албански дејци се споменици на историски ликови кои немаат ништо лошо направено на Македонците, напротив некои од нив, како Неџат Аголи на пример рамо до рамо се бореле со Македонците, за слободата и државноста на Македонија, извршувал високи и значајни државнички одговорности во повоена Македонија, и за жал истиот тој лик завршил со многу слична судбина како многу македонски патриоти уништени од комунистичкиот режим во Македонија.

Овие три лика со ништо не се и неможат да бидат провокација за Македонците, како што со ништо не се провокација за Албанците во Македонија спомениците на Ченто, на Гоце Делцев, на Никола Карев, на Петар Чаулев, на Тодор Александров, на Павел Шатев, и на сите останати, поставени низ Скопје и низ Македонија. Напротив овие три лика заслужуваат почит за нивните активности и дела во периодите во кои живееле како од Албанците, така и од секој објективен набљудувач на историјата.

Овие споменици беа во фаза на лиење кога граѓаните на Центар на изборите му дадоа поддршка на Жерновски, верувајки дека тој ќе направи нешто сериозно за Општина Центар, и незнаејќи за каков неработник и гол манипулант станува збор. Спомениците беа целосно довршени за три месеци одкако тој стана градоначалник, но до ден денешен го криеше тоа, преплашен за својот политички рејтинг, штитејќи го со манипулативни изјави кон нас од ВМРО-ДПМНЕ, со многу лаги и клевети. Тој мисли дека ние во ВМРО-ДПМНЕ сме како него и како СДСМ и дека имаме ист превртлив и неискрен карактер, па дека во едно време говориме едно, а во друго време нешто друго. Не, ние имаме искрен однос кон граѓаните.

Жерновски и СДСМ кога беа опозиција ги подбуцнуваа Албанците дека се ставаат споменици само на Македонци и дека ВМРО-ДПМНЕ е против Албанците. Откога Жерновски и СДСМ дојдоа на власт во Центар, три години ги кријат спомениците на трите албански дејци, од страв дека ние би ги критикувале, односно дека ние би го направиле она кое знаат дека би го направиле тие да се на наше место.

Затоа Андреј, престани со своите манипулации и трикови. Биди барем еднаш искрен. Стави ги трите споменика, ВМРО-ДПМНЕ нема да те напаѓа, затоа што нема причина за тоа. Ние ги почитуваме тие ликови, како што го почитуваме и Скендер Бег и Мајка Тереза на пример и многу други кои со ништо не наштетиле на Македонците.

Ние знаеме што е за почит, што треба да се цени, ние ја знаеме и нашата историја и историјата на нашите сограѓани од различни етникуми. Како што сакаме тие да ја почитуваат нашата, така треба и ние да ја почитуваме нивната.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да почитува неработа и неискрен однос каков што застапува Жерновски.

Најчитани вести