ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не реализираше ниту едно ветување

Г-динот Андреј Жерновски повторно сака да го прикрие своето неработење и да го сокрие срамот пред граѓаните за нереализираните ветувања кои ги делеше во предизборието, велат во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ во последната година од претходниот мандат со посветена работа за потребите на граѓаните, драстично го зголеми бројот на нови паркинг места, преку изградба на нови паркинг простори и катни гаражи во О. Центар. Во тој период се реконстурирани над 60 улици, а поставена е и инфраструктура на над 40 улици. Изградени и реконструирани се 16 тротоари и пешачки патеки на целата територија на О. Центар.“, се наведува во реакцијата од партијата.

„Подобрени се условите во сите детски градинки и основни училишта, а за првпат откако постои ОУ. Гоце Делчев изградена е фискултурна сала. Изградени се нови детски игралишта на 14 локации на територијата на О. Центар.

Грижејќи се за животната средина, хортикултурно уредени се над 30 нови локации со голем број на нови садници и цветен расад.

Поставена е нова мрежа за улично осветлување со должина од над 13 000 метри.

Исчистени се над 4500 метри кубни смет од диви депонии, со што О. Центар стана една од најчистите општини.

Грижејќи се за повозрасните, отворени се 5 нови пензионерски клубови.“ , се потенцира понатаму во реакцијата од партијата.

Во целокупниот мандат на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реализирани се над 228 проекти, кои сите заедно допринесоа да О.Центар биде најпосетената општина од туристите.

„Во спротивно г-динот Андреј Жерновски, кој своето неработење се обидува да го прикрие со манипулирања на емоциите на луѓето, во овие година ипол од седнувањето во градоначалничката фотелја, не се помрдна од неа и не реализираше ниту едно ветување.“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектот за гасификација на училиштето Димитар Миладинов, требаше да биде завршен пред точно 1 година, а тој сеуште не е ни почнат. Сеуште нема ни трага ни глас од ветувањата ниту за градинката ниту за училиштето во Капиштец кое што им го вети Жерновски на граѓаните.“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Г-динот Жерновски со своите обвинувања и манипулации, се обидува да го прикрие своето неработење и буквално сите му се виновни што нема реализирано ниту еден ветен проект. Г-дине Жерновски на граѓаните не му се потребни ветувања и празни зборови.

Очигледно е дека г-динот Жерновски, свесен за немањето на резултати од својата позиција, упорно настојува да се расправа со сите и да влегува во конфликти. Глуми голем политичар, а не е способен да реализира ниту едно од своите ветувања. Граѓаните на О. Центар се свесни дека овој градоначалник се грижи само за својата функција. ВМРО-ДПМНЕ му препорачува на г-динот Жерновски да собере сила и конечно да започне со реализација на проекти кои што се во интерес на граѓаните.“. стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.