ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски во својот мандат префарба само една зграда и ништо повеќе

Андреј Жерновски во досегашниот мандат успеа да префарба една зграда и ништо повеќе од тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се зафати со решавање на основните проблеми на граѓаните, тој во сите можни бои, без да го коментираме естетскиот аспект, бојадиса една зграда и побрза да се пофали пред јавноста.Го прашуваме Жерновски до каде се проектите за кои вети брза релизација. До каде е проектот за целосна гасификација на училиштето „Димитар Миладинов“, изградбата на новата градинка и училиштето во Капиштец и неколку други проекти кои ги вети пред граѓаните, а за кои досега не видовме ни “Р“ од реализација“, стои во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега  целиот свој мандат, како што се наведува, Жерновски го помина во барање алиби за својата неспособност да ја води општина Центар.

„До денес освен што смени бушони на една бандера, го исчисти ѓубрето покрај еден контејнер и сега префарба една зграда, не започна со реализација на ниту еден капитален проект во Центар“, стои подолу во реакцијата.