ВМРО-ДПМНЕ: Знае Заев дека народот не сака пазарење со државните интереси

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ како што наближува денот на изборите се сè поисплашени и во голема паника. Тоа е разбирливо. И треба да бидат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Знаат во СДСМ дека народот им го сврте грбот, бидејќи народот не сака индустриски зони за афери, фабрикации, измислици и манипулации, деструктивност и обиди за подривање на државата.

Знае аболицираниот криминалец Заев дека народот не сака пазарење со државните интереси во име на теснопартиските интереси на СДСМ, туку сака проекти, нови работни места за сите граѓани, инвестиции, подобрување на стандардот и просперитет во Република Македонија.

Затоа СДСМ е во паника, бидејќи освен делувањето по девизата „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, СДСМ не знае ништо друго. Во периодот кој следи за очекување е СДСМ жолчно да се обидува со манипулации и измислици да ги оцрнува проектите и делата на ВМРО-ДПМНЕ, но попусто. Ваквиот СДСМ е прочитана приказна и крајот му е сè поблиску и поблиску.

На 11-ти декември, граѓаните десетти пат по ред ќе дадат масовна поддршка за стабилна и силна Македонија, а ќе ги казнат аболицираниот криминалец Заев и СДСМ за сите лаги кон граѓаните и за се што и’ направија на државата во изминатите две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.