ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев e се поповршен и провиден во неговите лаги и измислици

Зоран Заев продолжи да одработува за странски центри и интереси кои се спротивни на интересите на граѓаните и да пушта креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо дури и со очајните обиди на Заев да им даде некаков наводен наратив, да ги раскажува и прераскажува, објаснува и дообјаснува, и да може да манипулира, злоупотребува и да ги прикажува во одреден неточен контекст кој само него му одговара.

Со денешната прес конференција уште еднаш  се докажа дека крајната цел на сцериото чиј извршител е Заев е токму дестабилизација и обид за внесување криза. Токму затоа омилената тема на Заев е темата за безбедносниот систем, и затоа тој денес недозволиво откриваше информации за капацитетот на безбедносните служби, обидувајќи се да го загрози неговото функционирање. Заев денес на крајно безобзирен начин и повторно неводејќи сметка за државните интереси разоткриваше информации за плановите за кадровското доокепирање на службите за безбедност и зголемување на нивната оперативност. Тоа е класично антидржавно однесување и граѓаните тоа го препознаваат и затоа не го подржуваат.

Зоран Заев освен тоа што го спроведува своето антидржавно сценарио, е и крајно лицимерен. Од една страна невешто сака да се престави себе си како загрижен за состојбата со вработувањата, а од друга страна самиот тој на јавни политички настапи и обраќања на партиски трибини зборуваше дека во општината Струмица и во останатите институции каде што е на власт СДСМ за сите вработувања одлучува партиската кадровска комисија на СДСМ, и дека масовно ќе се бркале луѓе од работа ако СДСМ дојде на власт.

Зоран Заев сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој  ќе јаде живи луѓен и дека ќе ги брќа луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ.

За партискиот реваншизам кој го практикуваше СДСМ најдобро говорат и примерите на бркање од работа на над 1 100 работници од ЕСМ, над 800 работници од ПУИГ, стотици избркани од работа од полицијата, Македонски Шуми, јавните здравствени установи и другите државни инстиуции , лица кои преку ноќ во 2002 година останаа без работа, само затоа што не беа вработени од партиската кадровска комисија на СДСМ.

Најдобар доказ пак за лицемерноста и неискреноста на Заев се јавните изјави дадени лично од него на кои потсетуваме: