ВМРО-ДПМНЕ: Заев е спремен да направи Влада со Села за кој не постои македонски идентитет

Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изборно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПНЕ:

Меѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ, аболицираниот криминалец Зоран Заев ја одбра платформата. Тиранската Платформа, значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Граѓаните веќе одамна се сведоци на расипничката политика на СДСМ и нивната непресушна желба за власт, но овој пат тие се целосно шокирани, бидејќи гледаат дека Зоран Заев е подготвен на се само за да се спаси од кривична одговорност себе си и криминогеното раководство на СДСМ. Овој пат тој ја продава цела Македонија, само и само да ја засити својата патолошка желба за власт без поддршка од народот.

Зоран Заев играјќи по нотите од Тирана е спремен да направи Влада со Зијадин Села, човекот кој јавно признава дека сака да ја смени македонската химна и македонското знаме и дека не постои македонски идентитет.

Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, која изборно не им припаѓа, затоа што не победиле на изборите од 11-ти декември мораат да прават секакви отстапки на штета на унитарноста на Македонија.

Зоран Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, прогласување за геноцидни народи на: Турците, Србите, Бугарите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Германците, Италијанците, како и прогласување за геноциден и својот сопствен  народ.

ВМРО-ДПМНЕ изрази јасна подготвеност да ја спаси државата од провалијата кон која Зоран Заев е подготвен да ја втурне и му понуди целосна поддршка на неговата Влада, ако се откаже од Платформата од Тирана и нејзините катострофални последици врз Македонија и македонскиот народ.

Крајно време е Зоран Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ да смогне сили и да и каже не на Платформата од Тирана, да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската Платформа.

Доколку пак Зоран Заев до таа мера е импресиониран од Платформата од Тирана нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана.