ВМРО СЕ МОБИЛИЗИРА: Свикани итни состаноци на сите Општински Комитети во Македонија

вмро

ВМРО-ДПМНЕ свикува итни седници на Општинските Комитети на партијата во цела Македонија.

Ова следува по информациите за обидот на СДСМ и ДУИ за редефинирање на Македонија, спротивно на волјата на мнозинството Македонци, објавува порталот „javno.mk“.

„Редакцијата стигна до порака со известување која според нашиот извор во четврток попладне е пратена како насока до сите општински комитети во целата држава“, се вели во објавената информација.

вмро

„Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме!

Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“, напишано е во пораката.

Лавина од реакции има и на социјалните мрежи, каде атмосферата е зовриена после откривањето на содржината од договорот меѓу СДСМ и албанските партии. Граѓаните се бесни и бараат одговорност и реакција на обидите да се воведе двојазичност во Македонија, посебно со договор аминуван од партија која ја нема поддршката од мнозинството граѓани во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.