Внимателно на патиштата поради лизгавите коловози и маглата

Сообраќајот на сите патишта низ земјава се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради магла има на патните правци Штип- Неготино видливост до 100 метри , Штип- Велес видливост исто така до 100 метри, Тетово- Скопје видливост од 50 до 100 метри. На патниот правец  Тетово- Гостивар видливоста е од 50 до 100 метри, Кочани- Виница видливоста е од 50 до 100 метри , Радовиш- Струмица, Струмица- Валандово, Струмица- Н. Село видливоста е од 30 до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.