Внимателно на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово

Сообраќајот на сите државни патишта во земјава се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На повисоките места и планинските премини има мали остатоци од кашест снег на колозовот.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14 јануари до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

Од 1 април година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски брод сообраќајот се одвива од 6.30 до 9 часот и од 16 до 18 часот, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5 до 6 часот и од 18.30 до 20 часот.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.