Внимателно: Снег и дожд на неколку патни правци низ државата

Слаби врнежи од дожд и од снег се регистрирани на неколку патни правци низ државата, па затоа од АМСМ препорачуваат внимателно возење.

Слаби врнежи од снег се бележат на Попова  Шапка и Крушево, додека слаб дожд врне во Битола, Македонски Брод и планински премин Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.