Внимателно: Умерено висока вредност на УВ индексот поради ведрото време

Доколку сакате да уживате на сонцето или можеби вашата работа е на отворено, бидете посебно внимателно бидејќи УВ индексот ќе има умерено висока вредност 5, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавите, и во следниот период ќе се задржи стабилно, суво и топло време.

За утре метеоролозите најавуваат сончево време со температура од 11 степени во Маврово до максимални 22 степени во Гевгелија.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 19-от степен.

За време на претстојниот викенд температурата ќе се движи до 24-от односно 25-от степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.