Внимателно: Во недела е можна појава на замрзнат дожд

За време на претстојниот викенд ќе преовладува облачно време со повремен дожд, а на планините ќе биде од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат претежно во западните делови, особено кон крајот на оваа недела. Локално ќе има појава на замрзнат дожд.

Температурите во првиот ден од викендот ќе се движат од еден степен во Маврово до девет степени во Демир Капија и Гевгелија.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до седмиот степен.

Во почетокот на следната недела ќе има слаби врнежи претежно од снег.