Внимателно возете и почитувајте ги сообраќајните знаци

Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

Појава на магла со видливост до 50 метри има во Штип, Делчево, Страцин, Плетвар и на патниот правец Кула-Катланово.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.