Внимателно возете: Слаб снег провејува на неколку патни правци

Слаб снег, кој провејувам не се задржува на колооз и не преставува проблем за нормално одвивање на собраќајот,кај Стража,  Маврово, Дебар, Плевар, Крушево, Македонски Брод, Железнец, Кичево, Преска, Ресен, Буково, Ѓавато и Струга, информираат од јавното претпријатие Македонијапат.

Сообраќајот на останатите патишта низ земјата се одвива тековно, по влажни коловози.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар – Стража, Дeмир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на Македонијапат се на терен и редовно ги одржуваат  проодни сите патни правци.