Внимателно возете – Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Внимателно возете - Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Внимателно возете - Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Прекин поради обилните врнежи има на локалниот пат од село Ропаљце до село Никуштак, Скопско.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.